Cover WEB 2020 MK

Запознајте ги менторите кои ќе бидат дел од Академијата за млади промотори на културно наследство која ќе се одржи на 20 јули во Балдево.

Александар Илиев е професор, доктор по историја на уметноста. Тој е предавач во НАТФИЗ, Универзитетот во Пловдив и Карнеги Мелон САД. Автор е на 15 трудови во областа на театарот, киното и телевизијата. Има создадено над 100 документарни и играни филмови, повеќе од 280 театарски претстави.  Има предавено и предава во над 50 театарски и филмски академии.
Доцент Илиев држи три рекорди во Гинесовата книга, вклучувајќи учество во Еверест маратон, Концерт на Еверест на 5350 м.н.в. и 25 ½ часовна соло игра со пантонима. Исто така има учествувано во голем број спортски експедиции и натпревари во различни земји (Непал, Таџикистан, Авганистан, Индија, Африка и др.)
Тој е водич на голем број на културни и антополошки експедиции, како што се: „Бугарите - прататковина“(Узбекистан, Таџикистан, Авганистан и Иран 2013), „Александар Македонски“ (Турција, бугарија 2012), „ Непал будистички“ (Непал, 2011), „Светата Гора“ (Непал, Тибет, 2010). 

 

 

 

 


Стојан (Тони) Маринов е фотограф, снимател, режисер и уредник. Уште како мал се интересирал за визуелните уметности – започнувајќи со снимање настани преку тродимензионална анимација.
Тој е креатор на голем број софтверски иновации во ТВ и мобилната индустрија, како што се компјутерско- телевизиско емитување популарно во Бугарија и ширум светот под трговското име PlayBox, како и иновативен производ за скицирање и споделување на визуелни идеи, дистрибуиран во продавницата за апликации “Apple“ под називот “Grafio”.
Тој е страствен патник, автор на книгата „Хималајските лекции“, приказна за време на незаборавната хималајска експедиција во 2015 година, кога беше и катастрофалниот земјотрес во Непал.
Стојан е автор на документарецот „Ананда - патот до блаженство“, кој го испитува развојот на местата за „бавна храна“ во Бугарија.
Тој во моментов работи на еден проект под наслов „Стариот живот на балкаснкиот народ од Понор и Мала Планина“, кој претставува преглед на едноставниот и тежок живот на планинските луѓе на Балканот пред модернизацијата.

.