Успешно заврши конкурсот за кратко видео на тема „Споделете го културното наследство од вашиот регион“, организиран од Бизнис Информационен и Консалтинг Центар - Сандански во рамки на проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“.
Целта на конкурсот беше да се охрабрат и мотивираат младите лица и да се вклучат во промовирање и зачувување на уникатното културно наследство на прекуграничниот регион
И покрај новонастанатата состојба во земјата, повеќе од 40 млади луѓе од Благоевград на возраст од 16 - 25 години се приклучија на инцијативата.
Добивме многу интересни и иновативни видеа, што ја отежнуваше работата на жирито да ги одбере најдобрите.
Конечната листа е достапна овде и на Фејсбук страницата на проектот:
https://www.facebook.com/youngpromoters.eu
Честитки до победниците !
Согласно правилата на конкурсот, најдобрите 20 учесници ќе добијат можност да учествуваат во четиридневната обука и камп „Споделете го културното наследство од вашиот регион“ - прво ниво.
Обуката ќе се одржи во комплексот „Божјо име“, во с. Балдево во период од 20 - 23 јули 2020 година. На крајот на обуката ќе ги одбереме најдобрите десет учесници кои ќе имаат можност да учествуваат на следната фаза на Академијата - тридневна обука „Млади промотори на културното наследство на регионот - второ ниво“, која ќе биде организирана во Република Северна Македонија.
Ви благодариме за учеството! До нови средби!